Достапни линкови

logo-print

Писмата на Груевски се читаат дома


Премиерот Никола Груевски .

Премиерот Никола Груевски .

Премиерот деновие им пиша на еврокомесарот Филе, на Мијатовиќ од ОБСЕ, му пишува на грчкиот колега Самарас. Практиката на комуникација со писма, наместо со директни средби и дијалог е наменета повеќе за домашната јавност, велат експертите.

Наместо тет-а-тет средби кои што се познати во дипломатијата и политиката премиерот Никола Груевски е познат по неговите преписки и дописи со личности од јавниот живот, но особено со претставници од меѓународната заедница. Деновиве актуелно беше писмото до еврокомесарот Штефан Филе по потпишувањето на извештајот на Комисијата во кое тој детално му објасни дека разрешени се настаните од Собранието на 24 декември, особено истакнувајќи дека не се согласува со правните квалификации, но дека е постигната целта и дека треба да се валоризира напредокот на Македонија кон Унијата.
Јас не верувам дека е неопходно да има писмо, особено не откако е пратен оригиналниот документ. Значи вие мора да кажете дека не сте толку виновен како што некој од надвор ви вели дека сте виновен и одговорен и затоа се обидувате да го убедите домашниот електорат од кој веќе утре, задутре ќе побарате доверба.

Професор Стево Пендаровски вели дека овој начин на комуникација својствен на премиерот е наменет повеќе за домашната јавност. Премиерот практикува и остварува и директни комуникации, но повеќе му одговара да пишува писма, вели тој.

„Јас не верувам дека е неопходно да има писмо, особено не откако е пратен оригиналниот документ. Имате еден еминентно лош настан да биде опозицијата со се новинарите комплетно истерани од зградата на Парламентот. Значи вие мора да кажете дека не сте толку виновен како што некој од надвор ви вели дека сте виновен и одговорен и затоа се обидувате да го убедите домашниот електорат од кој веќе утре, задутре ќе побарате доверба.“

На ваков начин со писма премиерот избегнува дијалог и јавни дебати со што изостанува анализа на одредени проблеми и нивно менување и на тој начин демонстрира наметнување на неговиот став, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани. Според него пример за ова е писмото до Дуња Мијатовиќ во кое тој и објаснува за случајот со новинарот Кежаровски кој е во притвор.
Најдобро би било кога одреден проблем, дали законот за медиумите, дали за случајот Кежаровски, да се соочува со компетентните, може да ги прими во неговиот кабинет, така да мислам дека се одлучува за полесниот пат.

„Најдобро би било кога одреден проблем, дали законот за медиумите, дали за случајот Кежаровски, да се соочува со компетентните, може да ги прими во неговиот кабинет, така да мислам дека се одлучува за полесниот пат.“

Јавноста исто така е сведок и на други писма на премиерот особено на писмата до грчкиот премиер Самарас за продолжување на дијалогот околу решавање на спорот со името. Стево Пендаровски коментира дека премиерот се оправдува пред меѓународната заедница дека е проактивен во спорот со Грција.

„Нашиот премиер со претходниот грчки премиер Папандреу имаше осум или девет средби и не се сеќаваме дека за било која од тие средби претходно пишувал писма, значи тоа се случуваше и без писма. Тука писмата се пишуваат колку да се каже дека сме наводно многу проактивни во тој спор, иако во суштина не сме“, вели Пендаровски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG