Достапни линкови

Хрватскиот Претседател во посета на Македонија


Претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ денеска и утре ќе престојува во официјaлна посета на Република Македонија.
На првиот ден од престојот во Скопје Јосиповиќ ќе има средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а утре ќе разговара со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со премиерот Никола Груевски.
Посетата на Скопје е дел од мини турнејата на Јосиповиќ низ регионот. Хрватскиот претседател пред доаѓањето во Македонија ја посети Црна Гора, а од Скопје ќе отпатува во Косово.
XS
SM
MD
LG