Достапни линкови

Македонските кошаркари - умерени оптимисти


Македонија го освои четвртото место на ЕП во кошарка во Литванија.

Македонија го освои четвртото место на ЕП во кошарка во Литванија.

И покрај големите очекувања на јавноста, кошаркарите „ја спуштаат топката“ и велат дека примарна цел е влез меѓу 12-те најдобри, односно освојување на една од првите три позиции во групата Б, во која се и селекциите на Литванија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Летонија и на Србија.

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево во Јесенице ќе го стартува четвртиот настап на едно ЕП. Овој пат ќе бидеме дел од шампионатот во Словенија, каде што ќе го браниме четвртото место, освоено пред две години во Литванија. Тој успех, но и фактот што во Словенија ќе настапиме со најсилниот состав, ги зголеми апетитите на домашната јавност, која сега се надева на уште поголем подвиг.
Нема да биде лесно, но не се плашиме од никого. Оваа репрезентација има квалитет за големи резултати, но дневна форма, малку среќа, значи, многу работи ќе влијаат на тоа каков ќе биде нашиот конечен резултат. Но, секако, наша тивка желба е да бидеме меѓу првите 6-7 репрезентации кои што ќе одат следната година на Светското првенство, а тоа ќе значи дека пак не можеме да одиме во пензија. Ќе мора пак да се собираме следната година.

Играчите, пак, „ја спуштаат топката“ и велат дека примарна цел е влез меѓу 12-те најдобри, односно освојување на една од првите три позиции во групата Б, во која се и селекциите на Литванија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Летонија и на Србија. Секако, тоа не значи дека тие не веруваат и во поголем успех, а како што вели еден од нашите најголеми адути, Влатко Илиевски желба е обезбедувањето виза за Мундијалот во Шпанија.

„Нема да биде лесно, но не се плашиме од никого. Оваа репрезентација има квалитет за големи резултати, но дневна форма, малку среќа, значи, многу работи ќе влијаат на тоа каков ќе биде нашиот конечен резултат. Но, секако, наша тивка желба е да бидеме меѓу првите 6-7 репрезентации кои што ќе одат следната година на Светското првенство, а тоа ќе значи дека пак не можеме да одиме во пензија. Ќе мора пак да се собираме следната година“, вели Илиевски.
Би било голем успех догодина Македонија да се натпреварува на СП. Ете, тоа е некое мое очекување, значи да бидеме меѓу првите 6, а со малку среќа и меѓу првите три. Мислам дека е многу мала разлика од прво до шесто место. Има 20 репрезентации кои се надеваат на медал на ова ЕП, затоа што е навистина многу изедначено и јас мислам дека имаме квалитет да зграпчиме еден медал.

Слично размислува и центарот Предраг Самарџиски, според кого имаме сили и за нешто повеќе од премиерен пласман на едно кошаркарско СП.

„Би било голем успех догодина Македонија да се натпреварува на СП. Ете, тоа е некое мое очекување, значи да бидеме меѓу првите 6, а со малку среќа и меѓу првите три. Мислам дека е многу мала разлика од прво до шесто место. Има 20 репрезентации кои се надеваат на медал на ова ЕП, затоа што е навистина многу изедначено и јас мислам дека имаме квалитет да зграпчиме еден медал“, вели Самарџиски.

Дали е реален овој оптимизам ќе видиме уште денеска на дуелот со Црна Гора (мечот започнува во 17 и 45 минути). Според сите прогнози, покрај Литванија и Србија, тоа е нашиот директен ривал за едно од првите три места во групата, но и противник кој за македонските репрезентативци не треба да биде непремостлива пречка.

„Мислам дека треба да си го земеме местото на фаворит во овој натпревар и, значи само со голема фокусираност, со 100-процентна борба, мислам дека ќе стигнеме до победа“, додаде Илиевски.

Победи и надминување на успехот од пред две години, очекуваат и љубителите на спортот.

„Нашата репрезентација има големи можности и голем успех мислам дека ќе постигне, поради тоа што има многу добри играчи. Очекуваме медал.“

„Се надевам дека ќе ги покажеме истите резултати како минатото ЕП. Мислам дека другите репрезентации се подослабени за разлика од претходното ЕП. Можеби и подобар резултат од четврто место. Се надеваме и на медал.“

„Ние очекуваме и повеќе, но како минатото ЕП ако биде, четврто место, добро е.“

„Уште подобро - медал! Медал! Без бронза не се враќаме“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG