Достапни линкови

logo-print

Комитетот на Сенатот поддржа интервенција во Сирија


Илустрација: Американскиот Сенат.

Илустрација: Американскиот Сенат.

Комитетот на американскиот Сенат ја поддржа резолуција која одобрува „ограничена“ воена интервенција во Сирија, како што предложи претседателот Барак Обама. Според западните медиуми, резолуцијата забранува копнено учество во борбите во Сирија, а рокот за операцијата е 90 дена. Сенатскиот комитет за надворешни односи доцна синоќа ја прифати резолуцијата по сведочењата на државниот секретар Џон Кери и секретарот за одбрана Чак Хејгел. Кери рече дека ако не се реагира, ќе биде нарушен угледот на САД и на сојузниците. Претседателот Обама, кој е демократ, обезбеди поддршка за воената акција од клучните републиканци. Спикерот на претставничкиот дом Џон Бонер и лидерот на мнозинството во Конгресот Ерик Кантон дадоа поддршка на плановите по нивната средба со Обама во Белата куќа.
XS
SM
MD
LG