Достапни линкови

logo-print

Половина Венецуела без струја


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

Повеќе од половина Венецуела поради дефект остана без струја, вклучително и делови од главниот град Каракас, каде што е стопиран системот на подземни железници. Претседателот Николас Мадуро ги обвини „саботерите“ од политичката опозиција, што ја обвини за „електричен пуч“. Опозицискиот лидер Енрике Каприлес, пак, рече дека вчерашниот дефект е резултат на неуспешните владини политики и неефикасната инфраструктура. Прекинот е предизвикан од дефект на далноводот од хидроцентралата Гури, која произведува околу три четвртини од струјата во земјата. Министерот за енергетика Џеси Чакон изјави дека струјата постепено се враќа.
XS
SM
MD
LG