Достапни линкови

Крвав ден во Ирак, напади во шиитските делови на Багдад


Ирачките власти соопштија дека вчера експлодирале неколку автомобили бомби во доминантно шиитските делови на Багдад при што загинале најмалку 40 луѓе, а десетици се повредени. Експлозиите биле насочени кон цивилни цели како џамии, преполни пазари, кафетерии и продавници за сладолед. Насилствата во Ирак во изминативе месеци го достигнаа нивото како во 2008 година кога земјата беше на работа на граѓанска војна. Според ОН, во насилствата во Ирак изминатиов месец биле убиени повеќе од 800 луѓе.
XS
SM
MD
LG