Достапни линкови

На гласачкото ливче на Косово само логото на Изборната комисија


Косовската Централна изборна комисија реши на гласачкото ливче за локалните избори во Косово, што ќе се одржат на 3 ноември, да стои само нејзиното лого. Во соопштението на Комисијата се додава дека гласачкото ливче ќе изгледа исто за целата територија на Косово. Српските власти бараа на гласачкото ливче за локалните избори да нема обележја на државноста на Косово. Во спротивно Белград најави дека нема да ги повика косовските Срби да учествуваат на изборите.
XS
SM
MD
LG