Достапни линкови

Јапонија ќе гради подводен ѕид околу Фукушима


Јапонија денеска соопшти дека планира да изгради подводен ѕид кај нуклеарната централа Фукушима, со цел да биде спречено ширењето на радијацијата од централата. Премиерот Шинзо Абе изјави дека владата за овој проект, кој треба да бидат завршен во 2015-та година, издвоила 473 милиони евра. Ѕидот треба да спречи контаминираната вода од Фукушима која се користи за ладење на реакторите, да дојде во контакт со другите води во околината. Нуклеарната централа Фукушима беше оштетена при земјотресот и цунамито во Јапонија во 2011-та година.
XS
SM
MD
LG