Достапни линкови

Кинескиот лидер денеска во посета на Туркменистан


Кинескиот лидер Си Џинпинг допатува во главниот град на Туркменистан, Ашгабат, на разговори за трансфер на природен гас кон Кина. Туркменистан е најголем снабдувач со гас на Кина, или 51 насто од вкупниот увоз. Џинпинг, во рамките на регионалната турнеја од денеска до 13-ти сепетември, ќе ги посети и Казахстан, Узбекистан, Киргистан и Русија. Меѓу другото, ќе учествува и на самитот на Г 20 во Санкт Петерсбур, како и на самитот на Шангајската организација за соработка во Бишкек.
XS
SM
MD
LG