Достапни линкови

Денис Родман ќе формира кошаркарска лига во Северна Кореја


Поранешниот американски кошаркар Денис Родман допатувал повторно во Северна Кореја на средба со лидерот Ким Џонг Ун. Родман изјави во Пекинг дека имал намера да формира кошаркарска лига во Северна Кореја и оти нема намера да преговара за други прашања. До посетата на Родман доаѓа на само неколку дена откако Пјонгјанг ја одби предвидената посета на американскиот специјален пратеник Роберт Кинг поради учеството на американски бомбардери на заедничката воена вежба со Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG