Достапни линкови

logo-print

ОН - над два милиона бегалци од Сирија


Повеќе од два милиони бегалци побегнале од граѓанска војна во Сирија, соопштија Обединетите нации. Комесарот за бегалци на ОН, Антонио Гутерес, рече дека бројот на бегалци е зголемен речиси десет пати во текот на изминатите 12 месеци. Гутерас рече дека „Сирија стана голема трагедија на овој век“. Според УНХЦР, речиси 5.000 луѓе се засолнуваат во некоја од соседните земји на Сирија секој ден. Според ОН бројот на раселени лица во Сирија е околу 4 милиони и 250 илјади луѓе. беше држи стабилен на околу 4.250.000. Министри од Ирак, Јордан, Либан и Турција, кои се главни домаќини на сириските бегалци, во среда треба да одржат состанок во Женева за да добијат повеќе меѓународна помош.
XS
SM
MD
LG