Достапни линкови

Бразил и Мексико бараат одговори од САД за шпионажата


Претседателката на Бразил Дилма Русеф.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф.

Бразил ја осуди американската разузнавачка програма која, наводно, била насочена кон претседателката на Бразил Дилма Русеф. За бразилските власти тоа е „неприфатливо нарушување“ на нивниот суверенитет.

Бразилските медиуми во неделата објавија дека американската Национална агенција за безбедност „шпионирала“ електронски пораки, телефонски повици и текстуални пораки на Русеф, како и на мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието. Во извештајот на медиумите се цитираа документи кои протекоа од поранешниот американски разузнавачки службеник Едвард Сноуден, кој е во бегство.

Министерството за надворешни работи на Бразил на американскиот амбасадор во таа земја му пренесе дека Бразил очекува Белата куќа да обезбеди навремено писмено образложение за тврдењата за шпионажа. Мексико побара од САД да ги испита обвинувањата, велејќи дека доколку се покажат како точни ,тоа ќе биде сериозно прекршување на нејзиниот суверенитет.
XS
SM
MD
LG