Достапни линкови

logo-print

НАТО - Авганистанските сили гинат премногу


Командантот на НАТО во Авганистан, Џозеф Дунфорд.

Командантот на НАТО во Авганистан, Џозеф Дунфорд.

Командантот на НАТО во Авганистан, Џозеф Дунфорд изјави дека полицијата и армијата во земјата губат премногу луѓе во битките. Американскиот генерал во интервју за Гардијан вели дека на авганистанските безбедносни сили може да им се потребни уште пет години на западна обука и поддршка пред тие да можат да преземат целосна одговорност за безбедноста во земјата. Американскиот претседател Барак Обама вети до крајот на 2014- та Авганистанците ќе преземат целосна одговорност за нивната безбедност, но дека одреден број на војници на НАТО ќе останат во Авганистан и ќе ги обучуваат авганистанските сили. Дунфорд сугерира дека помош од вакви војници може да се бара до 2018 година. Тој исто така рече дека во исполнувањето на таа улога за помош, НАТО може да има обврска да обезбеди и борбена поддршка.
XS
SM
MD
LG