Достапни линкови

Кинескиот претседател во посета на Централна Азија


Кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг од денеска е на турнеја во рамките на која ќе посети пет земи и ќе учествува на два големи самити. Кинескиот претседател ќе ги посети Туркменистан, Казахстан, Узбекистан, Киргистан и Русија за време на десетдневната турнеја. На 5 и 6 овој месец Џинпинг ќе учествува на самитот на Г-20 во Санкт Петербург, а на 13 септември на самитот на Шангајската организација за соработка во Бишкек. Според кинеските медиуми, за време на турнејата, кинескиот претседател треба да потпише неколку договори за нафта, природен гас, транспорт и инвестиции. Тој, исто така, ќе разговара и за влијанието врз регионалната безбедност откако силите предводени од НАТО ќе се повлечат од Авганистан.
XS
SM
MD
LG