Достапни линкови

Владата не се меша во случајот Кежаровски


Премиерот Никола Груевски во писмото до претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ изрази почит за интересот за судскиот предмет на новинарот Томислав Кежаровски. Сепак тој наведе дека нејзините тези и залагања, не целосно кореспондираат со фактичката состојба, како и со правниот поредок и овластувањата кои ги има извршната власт во Македонија.

Тој изрази надеж дека Мијатовиќ ќе се согласи дека ниедна професија не смее да биде амнестирана од законот, вклучувајќи ја тука и професијата новинар, која по својата, како што пишува премиерот Груевски, благородност и значајност за демократските процеси во една држава можеби предничи во однос на повеќето професии.
Се сложувам со Вас дека затворањето на новинари за нивното пишување не е прифатливо во едно демократско општество, но дозволете ми да истакнам дека г. Кежаровски не е притворен заради неговото пишување, туку затоа што е обвинет за повреда на Законот за заштита на сведоци.

„Во насока на појаснување на одредени состојби во врска со предметот на г. Кежаровски, би сакал да Ви укажам на одредени моменти во содржината на Вашето писмо кои ја замаглуваат фактичката состојба и кои на Вашите добри намери им даваат погрешен правец. Се сложувам со Вас дека затворањето на новинари за нивното пишување не е прифатливо во едно демократско општество, но дозволете ми да истакнам дека г. Кежаровски не е притворен заради неговото пишување, туку затоа што е обвинет за повреда на Законот за заштита на сведоци. Како пример за тоа колку е значајна заштитата на сведоци и колку внимание се обрнува на ова прашање, би го посочил Хашкиот трибунал кој покрена постапки и осуди четворица новинари за откривање на идентитет на заштитен сведок“, стои во писмото на Груевски.


„Оттука, потребно е со особено внимание да се разгледуваат сите случаи на повреда на овој закон и да не се дозволи да се врши било каков притисок на правосудните власти при третирањето на предмети со вакви кривични дела. Во оваа насока, би сакал да го искажам своето мислење дека е непримерно да се доставува копија од ова писмо на претседателот на Кривичниот совет на Основниот Суд Скопје 1, бидејќи колку и да е тоа добронамерно, истото може да биде сфатено како своевиден притисок на судот, што верувам не е Ваша интенција“, се наведува во одговорот на Груевски.

Премиерот пишува дека е непримерно да се бара асистенција од него, како претседател на Владата, да да може Мијатовиќ го посетите Кежаровски во притвор.

„Посетата на притвореници е прецизно регулирана со Законот за кривична постапка, каде што таксативно е наведено кој може да посети притворено лице. Јас не би се осмелил да судам дали Вие имате право или не да го посетите, туку само би истакнал дека е потребно да се поклони верба во надлежните судии, кои се единствено овластени да одлучат на кого може да му се дозволи да направи посета и дека секоја интервенција на извршната власт би го поткопала уставниот поредок на земјата и би ги загрозила основните вредности на едно демократско општество.“
Новинарите бараа Кежаровски да се брани од слобода

Новинарите бараа Кежаровски да се брани од слобода



На крај, наведува премиерот Груевски, би сакал да истакнам дека Владата, како и во сите судски предмети, целосно се држи настрана од предметот на Томислав Кежаровски. Ниту Владата побарала да му се изрече мерка притвор на г. Кежаровски, ниту влијаела на надлежните судии во одлучувањето по оваа мерка. И покрај тоа што поедини структури се обидуваат да го исполитизираат овој предмет, и покрај тоа што истиот може да се злоупотреби за нарушување на имиџот на Република Македонија, Владата принципиелно ќе продолжи да се држи на страна но и внимателно да го следи текот на судската расправа по овој предмет, бидејќи тоа е единствениот правилен и можен начин за постапување.

Се надевам дека ќе имате разбирање за позицијата на Владата и ќе ги прифатите моите добронамерни укажувања. Упатувајќи Ви изрази на високо почитување, се надевам дека нашата соработка ќе продолжи со несмален интензитет во насока на подобрувања на слободата на медиумите и на професионалните стандарди на новинарите, се наведува во писмото што до јавноста го лиферуваше, Сектор за односи со јавноста при Владата на Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG