Достапни линкови

Ахмети по средбата со Венизелос ја најави посетата на Нимиц


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Атина по средбата со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос изјави дека медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц набргу ќе го посети регионот.
Како што јави МИА од Атина, Ахмети изјавил дека со Венизелос не разговарале за конкретни предлози. Лидерот на ДУИ изјави дека е оптимист пред престојната посета на што на региоонот ќе му ја направел Нимиц.
Според Ахмети, иако проширувањето не е меѓу приоритетите на агендата на грчкото претседателство со Унијата, Грција сепак, била заинтересирана Македонија да постигне напредок во евроинтеграцијата.
XS
SM
MD
LG