Достапни линкови

Попоски: посетата на Ахмети на Атина, приватна и корисна


„Мислам дека е корисно секој што се занимава со политика во Македонија од прва рака да ги чуе барањата или очекувањата со кои се соочуваме од оние кои определуваат колку брзо и на кој начин можеме да влеземе во НАТО и во ЕУ. Не гледам ништо неповолно од тој аспект“, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во врска денешните разговори во Атина меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Тој додаде дека станува збор за приватна посета за што има соодветен протокол и оти на неа нема да присуствува македонскиот амбасадор во Грција Сашо Стефков. Попоски додаде дека е потребен дијалог на највисоко политичко ниво со Грција и оти до овој момент нема информации дека во Атина постои расположеност за тоа.
XS
SM
MD
LG