Достапни линкови

Ново апсење на висок кинески функционер за корупција


Шефот на кинеската Комисија за контрола на државните компании бил уапсен во најнов случај на корупција откако претседателот Си Џинпинг ја презеде функцијата во март годинава. Џијанг Џиемин пред неколку месеци ја напушти позицијата на шеф на Кинеската национална нафтена компанија за да стане претседател на Државната комисија. Тој и уште четворица негови соработници беа упасени вчера. Џијанг е прв член на сегашниот Централен комитет на Кинеската комунистичка партија кој се соочува со корупциски скандал.
XS
SM
MD
LG