Достапни линкови

logo-print

Локалната власт да го слуша гласот на народот


Дебар.

Дебар.

Општината треба повеќе да го слуша гласот на народот, а луѓето да бидат поактивни и да предлагаат иницијативи, стои во анализата - Белата книга на здружението Центар за одржлив развој на заедницата во Дебар.

Граѓаните на Дебар сметаат дека локалната власт треба повеќе да го слуша гласот на народот, а локалната самоуправа е убедена дека самите граѓани треба да покренуваат иницијативи кои се битни за развојот на општината. Ова, покрај другото, стои во анализата што произлегува од направената анкета пред локалните избори што е објавена во Белата книга на здружението Центар за одржлив развој на заедницата во Дебар.
Главната цел на проектот е потикнување на граѓаните за нивно поголемо учество во донесувањето на одлуките од јавен интерес што значи дека треба да се подигне активноста на граѓаните.

Овој проект кој е поддржан од страна на американската Агенција за меѓународен развој–УСАИД, има за цел да ги детектираат проблемите што граѓаните ги имаат во оваа општина вели членот на оваа невладина организација Мухарем Имеровски.
Совет на општина Дебар.

Совет на општина Дебар.


„Главната цел на проектот е потикнување на граѓаните за нивно поголемо учество во донесувањето на одлуките од јавен интерес што значи дека треба да се подигне активноста на граѓаните. Краткорочни цели пак се – мобилизирање на граѓаните во процесот на одлучувањето, градењето на соработката меѓу Советот на општина и граѓаните, потоа анализа на јавното мислење на граѓаните за секојдневните проблеми, воспоставување на механизам за граѓанско учество на формални и неформални групи.“
Ние како локална самоуправа ја прифаќаме иницијативата на здружението центар за одржлив развој на заедницата за формирањето на Белата книга. Ние како локална власт секогаш соработуваме со невладиниот сектор и прифаќаме иницијативи на граѓаните на општина Дебар.

Невладиниот сектор смета дека е многу битно што новата локална власт го прифаќа овој проект. Или Мирзо, прв советник на дебарскиот градоначалник Ружди Лата вели:

„Ние како локална самоуправа ја прифаќаме иницијативата на здружението центар за одржлив развој на заедницата за формирањето на Белата книга. Ние како локална власт секогаш соработуваме со невладиниот сектор и прифаќаме иницијативи на граѓаните на општина Дебар.“

Мирзо додава дека овој проект ја продолжува практиката - на локалната самоуправа во Дебар која повеќе битни документи ги носи со учество на граѓаните – уште повеќе да биде отворена во однос на прифаќањето на иницијативните на граѓаните .

Граѓаните сметаат дека првата бела книга во Дебар дава добра основа за поголемо нивно влијание во решавањето на проблемите кои ги тиштат на локално ниво.

„Очекувам Белата книга да даде свој придонес и да вроди плод. Оваа книга има кохезија-спојување на барањата на граѓаните со активностите на локалната власт. Се надевам дека оваа книга ќе го зголеми влијанието, општината да ги реализира барањата на граѓаните“, вели граѓанин од Дебар.

Овој проект фактички овозможува граѓанинот да биде поактивен во покренувањето на иницијативи кои потоа би се решавале од страна на локалните институции. Поквалитетниот живот во општината зависи многу од гласот на народот, се вели во Белата книга.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG