Достапни линкови

Владините пари за стопанството - маркетиншки трик?


Владините кредити за подршка на стопанството се потребни, но само ако парите завршат на вистинко место, велат од бизнис секторот.

Владините кредити за подршка на стопанството се потребни, се согласуваат стопанствениците, но има поделени мислења околу тоа зошто покрај сите пари за фирмите, македонското стопанство бележи скромен раст.
Но од досегашното искуство сепак се плашиме дека станува збор за уште еден маркетиншки трик на самата власт и во име на тие финансиски средства би можеле парите да се користат за друга намена.

Арбен Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека секоја кредитна линија во име на стопанството е добредојдена.

„Но од досегашното искуство сепак се плашиме дека станува збор за уште еден маркетиншки трик на самата власт и во име на тие финансиски средства би можеле парите да се користат за друга намена, односно би се искористиле за нешто досега видено и докажано, градење на споменици и слично.“

„Да за жал досега немаме некои посериозни ефекти од овие кредитни линии, иако сепак велам дека секоја добронамерна и сериозно спроведена кредитна линија за целта за која е земена би била добродојдена за стопанството.“

Според Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори, проблемот е во слабата ликвидност на македонското стопанство.
Кредитите од Европската унија кои ги субвенционира владата имаат фиксна камата 5,5 проценти и рок на отплата до осум години со грејс период до две години, помагаат да се надмине овој проблем и да се отпочне новиот инвестиционен циклус.

„Значи неликвидноста на стопанството е главниот проблем заради кое македонската економија не може со поголеми чекори да оди напред. Кредитите од Европската унија кои ги субвенционира владата имаат фиксна камата 5,5 проценти и рок на отплата до осум години со грејс период до две години, помагаат да се надмине овој проблем и да се отпочне новиот инвестиционен циклус.“

Европските банки ги испраќаат парите до Македонската банка за подршка на развојот. Од таму средствата во форма на кредити се пласираат кај комерцијалните банки кои ги даваат кредитите по своите каматни стапки. Во случајот со европските парти, владата ја субвенционира разликата во каматите, појаснува Чекреџи.

„Значи банките не се ограничени во каматата, си работат со своите каматни стапки, ако има разлика меѓу нивните каматни стапки и тоа што е одредено да биде за краен корисник, тогаш владата има преземено обврска да ја субвенционира разликата.“

Инаку според најавите од власта, во финална фаза се разговорите за повлекување на нова линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка. Парите би требало да им бидат достапни на стопанствениците кон крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG