Достапни линкови

logo-print

Прва и последна ТВ дебата меѓу Меркел и Штајнбрик


Ангела Меркел и Пер Штајнбрик на ТВ дебата

Ангела Меркел и Пер Штајнбрик на ТВ дебата

Германската канцеларка Ангела Меркел учествуваше на синоќешната телевизиска дебата со нејзиниот главен ривал на изборите социјалдемократот Пер Штајнбрик. Според анкетите, ниеден од нив не бил јасен победник во 90 минутната дебата, која ќе биде и единствена пред изборите закажани за 22 овој месец. Меркел ја бранеше нејзината цврста поцизија спрема Грција и другите слаби економии во еврозоната, наведувајќи дека било важно тие да бидат притиснати за да ги спроведат реформите. Двајцата кандидати се согласија дека нема да понудат германски војници за воена интервенција во Сирија. Демохристијанскиот блок на Меркел, според анкетите, води со 40 проценти пред социјалдемократите кои имаат помалку од 25 насто. Се уште не е јасно дали Слободните демократи, сегашниот коалициски партнер на Меркел, ќе можат да добијат доволно гласови за да ја задржат сегашната позиција.
XS
SM
MD
LG