Достапни линкови

Докторатите практични, а не теоретски


Мимоза Клековска, докторант по технички науки на универзитет „Свети Климент Охридски“- Битола.

Мимоза Клековска, докторант по технички науки на универзитет „Свети Климент Охридски“- Битола.

Битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ воведува правила докторските дисертации да решаваат одреден практичен проблем, наместо како до сега да бидат теоретски.

Дипломските, магистерските, а задолжително докторските трудови да решаваат практичен проблем од областа со која се занимаваат, а не да бидат теоретски. Вакви правила воведува битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“.

Мимоза Клековска, докторант по технички науки е дел од докторите кои со изработката на дисертациите пронашле оригинални решенија за одредени проблеми. Таа изработи компјутерска метода за препознавање на писма со црковно словенска азбука.
Тоа е дел од вештачката интелигенција. Секоја буквичка ја гледа како слика. Кај нас досега немало таков обид, а имало за кинеска и друга азбука во светот. Колку понатаму ќе најде своја примена, ќе треба уште да се доработи за се доведе до комерцијален проект.

„Тоа е дел од вештачката интелигенција. Секоја буквичка ја гледа како слика. Кај нас досега немало таков обид, а имало за кинеска и друга азбука во светот. Институтот за старословенска култура и Националната универзитетска библиотека имаат тие големи збирки. Колку понатаму ќе најде своја примена, ќе треба уште да се доработи за се доведе до комерцијален проект“, изјави Клековска.

Ректорот на битолскиот универзитет, Златко Жоглев, вели дека претходно на факултетите претежно биле изработувани докторски дисертации повеќе теориски ориентирани, а не апликативни, освен во областа на техничките и биомедицинските науки. Но, сега практиката се менува.
Студенти од Универзитетот во Битола.

Студенти од Универзитетот во Битола.


„Во принцип треба секој докторат, па дури и магистерските работи треба да решаваат некој одреден практичен проблем, да бидат практично оринентирани. Ние дадовме и упатства да не може да работи никој докторска, а да не е тоа проект кој ќе решава конкретен проблем. Ако е така тогаш има можности која компанија тоа да го финансира“, вели Жоглев.
Во принцип треба секој докторат, па дури и магистерските работи треба да решаваат некој одреден практичен проблем, да бидат практично оринентирани. Ние дадовме и упатства да не може да работи никој докторска, а да не е тоа проект кој ќе решава конкретен проблем.

Но, кон промена на досегашната практика треба да придонесат и компаниите, велат од универзитетот.

„Компаниите треба да покажат интерес, да кажат какви проблеми имаат и сакаат да се реши, па ќе одредиме одредени докторанти. Мислам дека се почнати такви активности на соработка. Договорени сме со РЕК Битола сите што ќе имаат магистерски и докторски науки да бидат насочени да решат одреден конкретен проект.“

На битолскиот универзитет кој има повеќе од 30 годишна традиција досега докторирале околу 170 доктори на науки. Најмногу од нив на економски науки дури 49, па на технички 30, а најмалку на правни, политички науки и менаџмент на информациски системи.

„Еден доктор на науки по менаџмент на информациските системи. Оваа област во светот е многу развиена. Овие стручњаци во светот се многу барани. За жал, кај нас државата е помала и не се толку афирмирани. Но, се надеваме дека во иднина и кај нас потребата од вакви кадри ќе порасне“, објаснува Жоглев.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG