Достапни линкови

Ваши коментари - Роуд или циркуски шоуа


Интервјуто со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и текстовите поврзани со стандардот и странските инвестиции се најкоментирани на нашата интернет страна.

Вашите коментари по минатонеделното интервју со Бујар Османи, почитувани, продолжуваат. Но што е најинтересно, се чини дека страстите кај вас се смирија, па Перо од Скопје и МК Обсервер поведуваат навистина конструктивна дебата за името, за нашето потекло, за таканаречената антиквизација... Смирено, цивилизирано, како што пишува и МK Обсервер, без навреди и етикетирања, како што вели Перо.
Бранко и Љубчо не правеа роуд-шоуа и не привлекоа никого, а во време на Грујо има сè, сакаш светска, сакаш економска, сакаш криза, инвестиции... сè си има, недоволно, ама има.
Коментар од читател.

За власта, роуд-шоута чинат незначително помалку од можните ефекти од нив - ова е суштината на неделното интервју со директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Виктор Мизо, а за Незабеган тоа не биле роуд-шоуа, туку циркуски родео-шоуа. „Само што премиерот и неговата партија јаваат на грбот на народот и на државата“, пишува тој. За Анонимен, „Бранко и Љубчо не правеа роуд-шоуа и не привлекоа никого, а во време на Грујо има сè, сакаш светска, сакаш економска, сакаш криза, инвестиции... сè си има, недоволно, ама има“. Владо смета дека неуспехот во свое време СДСМ сега го правда со напади на актуелната власт, а Александар мисли дека да не биле инвестициите, невработеноста ќе се зголемела за 10 отсто. Но, посетител на нашата веб-страница потпишан со знакот за Смешко вели вака: „Сè додека мене како Македонец не ми се инвестира во Македонија, на странците па ич.“
Ех, моја чудесна Македонија, што направија од тебе благодарение на кроткиот народ!
Коментар од читател.

Дека „Платата не стигнува ниту за храна“ се согласуваат повеќетемина испраќачи на пораки на нашата веб-страница, а Владо дури смета дека Синдикатот што ја правел пресметката за чинењето на месечната потрошувачка кошничка треба да направи мени за исхрана за 4-члено семејство, бидејќи „нивниот износ некако не ми се вклопува во мојата математика“. Незабеган пишува дека народот е под „седативи на ДПМНЕ и ставен на респираторна машина за да не гледа и да дише колку партијата на власт ќе му определи“, а Перо извикува со алузија на позната владина реклама: „Ех, моја чудесна Македонија, што направија од тебе благодарение на кроткиот народ!“

Дали „Само една има вистина?!“ - е насловот на нашата анализа, но Битољану од Скопје и Менде од Гостивар реагираат против некои од избраните соговорници сметајќи ги за немеродавни, додека темата ја сметаат за одлична. Незабеган како да одговара на насловот-прашање, па пишува: „Само вистината на Господ и на ДПМНЕ е вистина“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG