Достапни линкови

Во Турција судење за државен удар во 1997 година


Во Анкара денеска почнува судење против обвинетите за наводен државен удар против происламистичката влада во 1997 година. Им се суди на 275 луѓе, вклучувајќи го и поранешниот шеф на армијата генерал Исмаил Хаки Карадај. Тие се обвинети за помагање во соборувањето на тогашната влада на премиерот Неџмедин Ербакан која во февруари 1997 година по седницата на Советот за национална безбедност беше принудена да даде оставка, а неговата Партија на благостојба беше забранета. Обвинетите ги отфрлаат ваквите наводи како невистинити и како обид на сегашниот премиер Реџеп Таип Ердоган да ги замолчи секуларистите во Турција.
XS
SM
MD
LG