Достапни линкови

Европските мажи повисоки за 11 сантиметри


Просечната висина на европските мажи од 1870 до 1980 година порасна за 11 сантиметри, покажа новата студија на англиски и австралиски научници. Во студијата се прецизира дека во 19 век просечната висина кај мажите во Европа била 167, а оти кон во минатиот век таа изнесувала 178 сантиметри. Како причини за ова се наведуваат подобрата исхрана, зголемената здавствена заштита, како и новите методи за справување со болестите. Студијата се потпира врз податоци од 15 европски земји. Научниците велат дека ја испитувале само висината на мажите, бидејќи не можеле да дојдат до обемни податоци за висината на жените.
XS
SM
MD
LG