Достапни линкови

Сирија- Арапската лига поддржува акција, во Вашингтон се интензивира дебатата


Државите од Арапската Лига изразија подршка за меѓународна акција против сириската влада, по тврдењата дека во напад со хемиски гас загинале над 1 400 цивили. Во резолуција усвоена на средбата во Каиро се наведува дека сирискиот режим треба да понесе целосна одговорност за нападот на 21 август, и се упатува повик за казнување на инволвираните во нападот пред меѓународните трибунали.До ова доаѓа додека во Вашингтон меѓу когресмените се интензивираат разговорите за тоа дали иницијативата на претседателот Барак Обама за воена акција врз сирискиот режим,ќе биде одобрена од Конгресот. Двата дома на Конгресот треба да се изјаснат за иницијативата на Обама на 9 ти септември. Државниот секретар Џон Кери изјави дека доказите покажуваат оти сирискиот режим употребил нервен хемиски гас,сарин, во нападот во кој се убиени 1,429 цивили.
XS
SM
MD
LG