Достапни линкови

Морси обвинет за потикнување убиства на демонстранти



На соборениот египетски претседател Мухамед Морси ќе му се суди поради потикнување убиства на политичките противници кои протестираа пред неговата палата.Војската го отстрани Морси од власт на 3 јули бидејќи милион луѓе излегоа на улиците барајќи негово сменување. Обвинителството го обвинува и за здружување со странски групи за бегство од затворот за време на нередите во земјата во немирите во 2011 година. Во одлуката на обвинителството се споменува судење за кое не е изнесен датум.На Морси ќе му се суди заедно со 14 членови на неговото исламистичко движење Муслиманско братство поради насилства и потикнување на убиства на најмалку 10 луѓе.
XS
SM
MD
LG