Достапни линкови

Германија избори-Меркел ги фали економските резултати


Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа во предизборниот те-ве дуел со лидерот на социјал демократите Пер Штајнбрик ги истакна успесите на нејзината влада во економијата. Меркел во дебатата што се пренесуваше преку неколку телевизии рече дека Германија сега има повеќе вработени од било кога и ја истакна својата политика во решавањето на европската должничка криза.Според податоците на последното истражување спроти изборите на 22 септември, конзервативниот блок со Меркел на чело има значителна преднсот во однос на Сцијалдемократската партија со што таа би можела да обезбеди трет мандат.
XS
SM
MD
LG