Достапни линкови

Се бара решение за црквата во Октиси


Владиката Тимотеј во струшкото село Октиси.

Владиката Тимотеј во струшкото село Октиси.

На 30 септември истекува дозволата до кога треба да започне изградбата на црквата во струшкото село Октиси. Градоначалникот на Струга предлага рокот да се пролонгира за да се смират страстите.

На 30 септември истекува дозволата до кога треба да започне изградбата на црквата Свети Димитрија во струшкото село Октиси. Но дел од жителите од муслиманска вероисповед не дозволуваат да биде поставен ниту камен темелник за црквата која постоела на тоа место.
На тој начин, рокот за градба, 30-ти септември, кој православните верници го имаат ќе се продолжи, а со тоа ќе се даде простор страстите да се смират и верските заедници да се договорат. Тоа е најдоброто решение во моментот, заради безбедносни причини.

Отец Зоран вели дека старата црква која била пред распаѓање била срушена пред три години со цел на нејзино место да биде изградена нова. Градежната дозвола,вели тој, претходно била оспорувана, но претходната локална власт ја потпишана пред самото нејзино заминување на 20 март.
Архивска фотографија - Градоначалник на Струга Зиадин Села ое сретна со претставници на Македонската православна црква.

Архивска фотографија - Градоначалник на Струга Зиадин Села ое сретна со претставници на Македонската православна црква.


„Пред заминување градоначалникот на 20 март ја потпиша дозволата. Последната градба на црквата потекнува од 1973 година, но според преданијата се мисли дека на тоа место постоела уште постара црква“, вели отец Зоран.

Градоначалникот на Струга Зиадин Села и Владиката Тимотеј минатата недела на заедничка средба не договорија конкретно решение на проблемот. Села рече дека тој не може да се меша во работите, туку може само да помогне верските заедници да се договорат, бидејќи станува збор за верски проблем. Села смета дека најдобро решение е времена мерка од судот, не забрана за градба, туку за забрана за изведување на одредени
Не е негов имот загрозен. Ако некој треба да бара времена мерка тоа сме ние, а не тој како општина или градоначалник. Што во овој случај е загрозено на општината или на градоначалникот? Штета што поставувањето на камен темелникот и изградба на црквата е земен како повод за раздор. Нас не ни е целта да иницираме проблеми, напротив со оваа црква моја желба беше да се потврди меѓурелигиската толеранција во Октиси.
активности на терен.

„На тој начин, рокот за градба, 30-ти септември, кој православните верници го имаат ќе се продолжи, а со тоа ќе се даде простор страстите да се смират и верските заедници да се договорат. Тоа е најдоброто решение во моментот, заради безбедносни причини. Наша цел е граѓаните да живеат мирно и спокојно и да немаме вакви проблеми. Не ни се потребни верски проблеми помеѓу граѓаните кои живеат во Македонија“, вели Села.

Отец Зоран вели дека Села нема право да бара времена мерка за забрана за градба на црквата.

„Не е негов имот загрозен. Ако некој треба да бара времена мерка тоа сме ние, а не тој како општина или градоначалник. Што во овој случај е загрозено на општината или на градоначалникот? Штета што поставувањето на камен темелникот и изградба на црквата е земен како повод за раздор. Нас не ни е целта да иницираме проблеми, напротив со оваа црква моја желба беше да се потврди меѓурелигиската толеранција во Октиси“, вели отец Зоран.

Владиката Тимотеј рече дека преговорите ќе продолжат и во наредниот период. Но Македонците од Октиси не веруваат дека црквата воопшто ќе биде изградена.

„Ова е голема е неправда и од државата и од МПЦ. Ова беше голем тест за сите нас и ние го изгубивме тестот. Јас мислам дека црква овде нема да се изгради. Секогаш во сите случаи, кога презакажале да се разговара за некое прашање сме го изгубиле спорот“, вели жител на Октиси.

Жителите од муслиманска вероисповед се сомневаат дека зад случувањата во нивното село се крие игра на политичарите. Велат дека нема да дозволат среде муслиманска населба да се гради црква.

„Овие провокации сега се со цел да се создадат проблеми. Проблемите ги предизвикува државата. Овде црква никогаш немало ниту ќе има црква“, рече жител Македонец муслиман на Октиси.

Пред десет дена во Октиси полицијата спречи да дојде до поголем инцидент помеѓу жителите од православна и муслиманска вероисповед.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG