Достапни линкови

Кери - САД има докази дека Сирија употребила нервен хемиски гас



Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД имаат докази дека хемискиот нервен гас сарин бил употребен во Сирија.Во серијата интервјуа што ги даде денеска Кери исто така рече дека е уверен оти Конгресот ќе го даде своето одобрение за американска воена интервенција против Сирија.Претседателот Барак Обама одложи било каква акција до гласањето во Конгресот на 9.септември.Опозициската Сириска национална коалиција оцени дека одлуката за одложување било каков напад врз Сирија е неуспех на раководството.Сирискиот министер за надворешни работи Фаисал Мукдад рече дека Обама станува збунет и конфузен.Режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад негира дека било употребено хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG