Достапни линкови

Зголемено истекување на радиоактивна вода од Фукушима


Електраната во Токио, Токио Електрик Пауер, соошти дека истекувањето на радиоактивноста од еден резервоар со високо контаминирана вода во затворената јапонска нуклеарна централа Фукушима, е зголемено за 18 пати.Операторот ТЕПКО во соопштението наведе дека радијацијата од 1.800 милисверти на час е доволна да усмрти лица за период од четири часа изложеност Радијацијата е детектирана вчера на дното на складишниот контејнер.
Компанијата наведе и дека е откриено ново истекување од цевка, која поврзува други два резервоара.
XS
SM
MD
LG