Достапни линкови

logo-print

Весна Пусиќ: Хрватска поддржува само дипломатска акција во Сирија


Хрватската вицепремиерка и министер за надворешни работи Весна Пусиќ изјави дека дипломатска акција која има за цел спречување на крвопролевањата во Сирија би имала смисла, а се надвор од тоа, нема смисла.- Секако, мора да се мине процедурата и мора да се види што ќе кажат инспекторите на ОН. Секогаш сметавме дека решение може да донесе една, па нека е и драматична, дипломатска аккција. Како нештата ќе се развиваат, мислам дека во овој момент никој не е сигурен, рече Пусиќ.Во Загреб синоќа беа организирани протести против евентуална воена интервенција во Сирија, но на протестот имаше само десетина граѓани.
XS
SM
MD
LG