Достапни линкови

Пресечен меѓународен канал на недозволена трговија со хероин



Министерството за внатрешни работи во содејство со Царинската Управа пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин од Турција преку Грција и Македонија со крајна дестинација западно европските земји. Запленети се 2,43 килограми високо квалитетен хероин, а од слобода се лишени две лица. Наркотичната дрога доколку би се продала на нарко-пазарот во Западна Европа би достигнала околу 300.000 евра. МВР денеска до Основно јавно обвинителство Велес ќе поднесе кривична пријава против Д.Ф. и А.С. поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. Д.Ф. и А.С. ќе бидат предадени на надлежен Истражен Судија.
XS
SM
MD
LG