Достапни линкови

logo-print

Русија – два чамци се судриле со патнички брод


Руското министерство за вонредни состојби соопшти дека два чамци се судриле синоќа со патнички брод во Московскиот канал. Судирот се случил неколку минути пред полноќ во водите на 125 километарскиот канал кој ја поврзува Московсаката река со Волга. Министерството наведе дека во судирот нема повредени освен што се пријавени штети на патникиот брод, како и на двата чамци. Московскиот канал е изграден од 1932 до 1937 година и на Москва и дава пристап до пет мориња-Црното,Егејското, Балтичкото, Каспиското, и морето Азов.
XS
SM
MD
LG