Достапни линкови

Мандела ја напушти болницата во Преторија


Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела ја напушти болницата во Преторија каде два месеца беше на медицински третман поради белодробна инфекција.95 годишниот Мандела се врати во неговиот дом денеска иако според изјавата од владата неговата здравствена состојба останува критична и нестабилна. Во изјавата се наведува дека Мандела ќе добива иста интензивна грижа дома каква што имал и во болница.
XS
SM
MD
LG