Достапни линкови

Од утре без ограничувања на извозот на пченица од Србија во Македонија


Србија од утре треба без ограничувања да извезува пченица во Македонија,а брашно од 15.септември. Како што најави минстерството за трговија на Србија од 2.септември престанува да важи делот од македонската одредба со кој се спречува увозот на пченица од Србија,додека делот кој се однесува на брашното престанува да важи од наредната недела. Македонија мерката за ограничување на увозот на пченица и брашно од Србија ја воведе на 1 јули и требаше да важи до 31 декември.Според податоците на министерството за трговија Србија во Македонија годишно извезува околу 50 илјади тони пченица и меѓу 30 илајади и 40 илјади тони брашно.
XS
SM
MD
LG