Достапни линкови

Стапува во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Србија и ЕУ


Денеска стапува во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската унија и Србија, откако на 24 јули ЕУ ја извести Србија дека е завршена постапката на ратификација во државите членки. Ќе бидат формирани тела кои ќе го надгледуваат спроведувањето на Спогодбата, а во кои претставници ќе имаат Србија и ЕУ - Совет за стабилизација и асоцијација, Одбор за стабилизација и асоцијација, како и Парламентарен одбор за стабилизација и асоцијација.
Со стапувањето во сила на ССА, престанува примената на Преодниот трговски договор со ЕУ.Европскиот комесар за проширување Штефан Филе синоќа на Белград му го честиташе стапување во сила ССА и нагласи дека Србија со тоа е на „чекор поблизу до ЕУ“.

.
XS
SM
MD
LG