Достапни линкови

Обама бара Конгресот да го одобри нападот во Сирија


Американскиот претседател Барак Обама побара од американскиот Конгрес да одобри употреба на воена сила пртив сириската влада поради наводите за користење на хемиско оружје. Обама изјави дека нападот на 21 август бил толку гнасен што тој сака да одговори со како што рече ограничена воена акција. Беалата куќа синоќа официјално испрати нацрт резолуција во Конгресот со која се одобрува интервенција во Сирија. Сенатот треба да дебатира и да гласа за ова прашање на 9 ти септември. Американските власти претходно објавија извештај во кој се наведува дека во нападот во Сирија биле убиени над 1,400 луѓе. На експертите на ООН кои собираа докази во зоната каде што имаше напад им се потребни три недели за анализа на примероците.
XS
SM
MD
LG