Достапни линкови

Ахмети за спорот со името ќе оствари средба со Венизелос


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети в понеделник во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос. За време на официјалната посета на Атина, Ахмети ќе го придружува вицепремиерот Муса Џафери и шефот на Кабинетот на Ахмети, Артан Груби. Како што информираат од ДУИ, оваа средба е продолжување на интензивната кампања на лидерот на ДУИ за интеграција на нашата земја во НАТО и ЕУ.- Нашите активностите за помагање на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ ќе пордолжат и во дрги земји-пријатели, кои сакаат да помогнат во процесот на зачленување во евроатланските структури, се вели во соопштението на ДУИ.
XS
SM
MD
LG