Достапни линкови

logo-print

Обама - акција против Сирија со авторизација на Конгресот


Американскиот претседател смета дека акција треба да има. Ќе биде тажно ако САД се решат на унилатерална акција против Сирија, изјави од своја страна рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот Барак Обама изјави дека решил оти САД треба да превземат воена акција против Сирија.
Тој рече дека најпрвин ќе бара авторизација од американскиот Конгрес кој ќе дебатира и гласа веднаш откако конгресната сесија ќе почне.
Според Обама, воена акција против Сирија треба да се превземе без разлика на тоа дали Советот за Безбедност на Обединетите Нации тоа ќе го дозволи.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обвинувањата оти сириската влада употребила хемиско оружје во неодамнешниот напад се потполно бисмислени.

"Во услови кога владините сили напредуваат и во некои регионо ги имаа опколено бунтовниците бесмислено е да им дадат победничка карта на оние кои повикуваат на воена интервенција"

Путин побара да бидат презентирани извештаите на инспекторите на ОН. Тој за време на неговата посета на Владивосток денеска изјави дека американскиот претседател Барак Обам би требало да води сметка за потенцијалните жрвтви во случај на воен напад врз Сирија.

Путин изјави дека би било исклучително тажно доколку САД решат да почнат унилатерална воена акција против Сирија.

Инспекторите го напуштија Дамаск

Во меѓувреме, инспекторите на Обединетите нации кои спроведоа истрага за евентуалниот хемиски напад во Сирија излегоа од Дамаск и пристигнаа во Либан.
Инспекторите ги комплетираа собраните докази и се очекува да почне тестирање на примероците во Европа.
Инспекторите си заминаа додека бродови на американската воена морнарица се стационирани во источниот Медитеран.
.
Во Американскиот разузнавачки извештај се наведува дека постои голема увереност дека сирискиот режим е одговорен за нападот во кој загинаа 1,429 луѓе.
Сириската влада го отфрли извештајот како лажен.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG