Достапни линкови

logo-print

Судот донесе пресуда за силувањето на девојката во Индија


Индискиот суд донесе пресуда за едно лице во врска со случајот на силување на младата девојка во Њу Делхи во декември од група напаѓачи . Ова е прва изречена пресуда на Судот за случајот кој предизвика големи реакции во Индија и ширум светот. Судот пресуди дека момче на возраст од 17 години и шест месеци е виновно за силувањето и убиството. Девојката која беше на возраст од 23 години беше брутално тепана и силувана во автобус на 16 декември и почина две недели подоцна.Четворица возрасни лица исто така се на суд поради случајот. Сите тие негираат дека се вмешани во силувањето и убиството на девојката.
XS
SM
MD
LG