Достапни линкови

Ирак - најмалку 13 загинати во два бомбашки напади


Ирачките власти соопштија дека во два бомбашки напади што се случиле во источниот дел на земјата во петокот, загинале 13 лица меѓу кои и повеќе деца. Во нападот повредени се десет лица.Експлозииите одекнале во етнички мешанана област,во квартот кој е претежно населен со курди.Претходно Ал Кеда ја презеде одговорноста за бомбашките напади низ Багад во средата, во кои загинаа над 70 луѓе а 200 беа повредени. Групата „Исламска држава Ирак и Левант“, поврзана со Ал Каеда, во соопштение објави дека целта на нападите се шиитските населби како одмазда за егзекуцијата на 19 сунити.
XS
SM
MD
LG