Достапни линкови

Република Српска- Крајшник се врати дома како херој



Момчило Крајшник некогашниот политички лидер на босанските срби кој во Хашкиот Трибунал беше обвинет за воен криминал, синоќа пристигна на Пале, во близина на Сареаво, каде го пречекаа неколку илјади луѓе. Крајшник на Пале пристигна со владин хеликоптер од Бања Лука. Крајшник беше приведен во 2000 година, а е пуштен на слобода бидејќи во британскиот затвор издржа две третини од казната од 20 години затвор. На таа казана го осуди Хашкиот Трибунал поради воени злосторства врз несрпското население за време на војната во БИХ.
XS
SM
MD
LG