Достапни линкови

Експертите ја напуштија Сирија, Сад се позицинираат за можен напад


Инспекторите на Обединетите нации кои спроведоа истрага за евентуалниот хемиски напад во Сирија излегоа од Дамаск и пристигнаа во Либан. Инспекторите ги комплетираа собраните докази и се очекува да почне тестирање на примероците во Европа.
Инспекторите си заминаа додека бродови на американската воена морнарица се стационирани во источниот Медитеран.
Претседателот Барак Обама во петокот изјави дека не донесол конечна одлука за напад.
Во Американскиот разузнавачки извештај се наведува дека постои голема увереност дека сирискиот режим е одговорен за нападот во кој загинаа 1,429 луѓе. Сириската влада го отфрли извештајот како лажен.
XS
SM
MD
LG