Достапни линкови

logo-print

Јавниот говор е ограничен, дијалогот еднонасочен, неговата изрежираност нов трик на новите моќници. Како се доведовме до херметички затворената зона на мислења, како се повлекоа тие што требаше да бидат најгласни?

Ако е мерило дека постои демократија и дека општеството е здраво, тогаш кажува доволно тоа што и по 20 години определба да се гради општество во интерес на граѓаните, наместо размена на различни мислења, ставови и аргументи, наместо понуда на избори и алтернативи, денеска во Македонија имаме борба за една вистина. Јавниот говор е ограничен, дијалогот еднонасочен, неговата изрежираност нов трик на новите моќници. Како се доведовме до херметички затворената зона на мислења, како се повлекоа тие што требаше да бидат најгласни, како наместо да се води дијалог, почнаа меѓу себе да разговараат со монолози и како по толку експлоатираната реторика успеавме толку да ја зголемиме дистанцата на сите нивоа?
Ние, да речеме, ако претпоставите една фундаментална вредност, која што може да ја одржува една заедница, да ја храни, да ја одржува како целина, во Македонија тешко можете да наброите една таква вредност која што би била заедничка за сите. Такви вредности во Македонија јас не гледам. Како социолог морам да претпоставам дека се нужни, потребни, но не се потенцира нивното значење, едноставно ги нема.

Ако не сме ги дефинирале заедничките интереси, ако немаме заедничка цел, ако немаме единствена визија за националните и државни интереси, за што тогаш ќе водиме дијалог, се обидува низ вака поставената теза да ги побара причините за тоа што во нашево општество денеска не се води дијалог речиси на ниту една тема, речиси во ниту една област, социологот Илија Ацески.

„Ние, да речеме, ако претпоставите една фундаментална вредност, која што може да ја одржува една заедница, да ја храни, да ја одржува како целина, во Македонија тешко можете да наброите една таква вредност која што би била заедничка за сите. Такви вредности во Македонија јас не гледам. Како социолог морам да претпоставам дека се нужни, потребни, но не се потенцира нивното значење, едноставно ги нема“, вели Ацески.
Кај нас политичките партии успеаја, за жал некои процеси и да ги уназадат од 90-та година. И да ја промовираат логиката дека само фер и демократски избори се битните компоненти на едно фер и демократско општество. Фер и демократските избори се основата и стартот на едно демократско владеење, но целиот процес меѓу два изборни циклуса е тој којшто на едно општество му дава демократски предзнак или не.

Или како неминовен заклучок, доколку имаме една цел кон која се движиме сите и таа е највисока пред останатите, поединечните, сопствените, тогаш е логичен, можен и потребен. Низ малку поширока призма гледано, аналитичарот Алберт Муслиу во суштината на проблемот ги сместува и историските и економските и моралните димензии. Неразвиена демократска култура, свест за контролната улога над политиките што се водат и неразвиени механизми за тоа. Вака гледа на проблемот. Кога тоа ќе се подигне меѓу граѓаните, вели Муслиу, тогаш демократијата нема да се мери само на денот на изборите.

„Кај нас политичките партии успеаја, за жал некои процеси и да ги уназадат од 90-та година. И да ја промовираат логиката дека само фер и демократски избори се битните компоненти на едно фер и демократско општество. Фер и демократските избори се основата и стартот на едно демократско владеење, но целиот процес меѓу два изборни циклуса е тој којшто на едно општество му дава демократски предзнак или не“, вели Муслиу.
Тоа е стравот на тие што претставуваат, во конкретниот случај, авторитетите, институциите, политичарите, колку ќе им чини водењето на дијалог, реформата, донесување на закон или што било. Овој страв е многу важен, пред сè кај политичката елита и на национално и на локално ниво, зашто тоа доведува до недостиг на храброст што нив ги онеспособува да ја водат првенствената работа за која се, а тоа е да ги претстават граѓаните во заедничката битка за подобрување на животот и на државата и на институциите.

Сите се согласни, отсуството на дијалог започнува од политичките елити и оттаму се пренесува се подолу, до сите нивоа. Тие меѓу себе разговараат со дискредитации и омаловажување, без желба да го испочитуваат ставот на тој наспроти нив, кој и да е во прашање - спротивната политичка опција, граѓанскиот сектор, јавноста или народот. Загрижени за сопствениот рејтинг, се плашат од јавно изречени критики на нивна сметка.

„Тоа е стравот на тие што претставуваат, во конкретниот случај, авторитетите, институциите, политичарите, колку ќе им чини водењето на дијалог, реформата, донесување на закон или што било. Овој страв е многу важен, пред сè кај политичката елита и на национално и на локално ниво, зашто тоа доведува до недостиг на храброст што нив ги онеспособува да ја водат првенствената работа за која се, а тоа е да ги претстават граѓаните во заедничката битка за подобрување на животот и на државата и на институциите“, изјави аналитичарот Рамадан Рамадани од Центарот за слободна мисла НИСМА.

Стравот на политичките елити и грижата за сопствениот рејтинг со текот на времето дојде до спасоносно решение. Дијалозите да се режираат, додека зад нив стојат поприлично контаминирани концепти. Поимите се изместени од своето вистинско значење. Согласно со тоа, водењето дијалог отпочнува и завршува на даден знак, се претвора во професија на одредено време. Жалосно е што важни општествени и политички теми завршуваат во отпадот на фингираниот дијалог.
Впрочем, отсуството на дијалогот јас го гледам како последица на рововската битка на политички, криминални и бизнис кланови, кои се сателити на политичките. Во текот на изминатите 20-тина години, во таа рововска битка секако дека нема многу скрупули и нема волја да им даде простор, ниту време, на другите капацитети на општеството да развијат вештини и секако да ја видат потребата од дијалог, дека само преку дијалог може да се дојде до одредени решенија.

„Дијалогот е само еден параван за да се затскријат тие работи, за да едноставно вие водите дијалог за нешто или се залажувате или другите ги наведувате на нешто кое го нема вистинското значење. И тука дијалогот всушност ја губи таа функција и како се движат работите во време, почнуваат страните да се разочаруваат меѓу себе, односно оној другиот дека не води поштен дијалог, дека едно говори, друго прави, дека кон едно ја насочува активноста, а главно го води тоа за своите интереси“, вели Рамадани.

Претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир Дерала, вели дека дијалогот во Македонија е првата и најголема жртва на недостигот од волја да се спроведат вистински демократски принципи и стандарди.

Власта, моќта, парите , им се единствениот идеал. Ако вие чепнете во тој интегритет, ќе ви се врати со сите оружја, со дискредитација, бидејќи ја загрозувате таквата комотна позиција.
„Впрочем, отсуството на дијалогот јас го гледам како последица на рововската битка на политички, криминални и бизнис кланови, кои се сателити на политичките. Во текот на изминатите 20-тина години, во таа рововска битка секако дека нема многу скрупули и нема волја да им даде простор, ниту време, на другите капацитети на општеството да развијат вештини и секако да ја видат потребата од дијалог, дека само преку дијалог може да се дојде до одредени решенија“, вели Дерала.

Граѓанскиот сектор нема доволно механизми да го динамизира дијалогот во сите сегменти во општетсвото, вели Дерала, ако тој успее да направи еден чекор напред, една институција на власта може да го врати пет чекори назад. Така е на пример, вели тој, со меѓуетничкиот дијалог. Но, така и насекаде во општеството. Можеби власта е претежок товар за македонските политичари, констатира Тито Петковски од НСДП.

„Власта, моќта, парите , им се единствениот идеал. Ако вие чепнете во тој интегритет, ќе ви се врати со сите оружја, со дискредитација, бидејќи ја загрозувате таквата комотна позиција“, вели Петковски.
Политичкиот дијалог може да се одвива во основа помеѓу рамноправни партнери. Тоа е така и вклучително дијалогот што е внатре во коалициите, и помеѓу блоковите. Тогаш кога опозицијата е силна, јака, партиите од власта мора тоа да го респектираат, и да прифаќаат одредени идеи.

За Петковски, кој има прилично долг стаж во политиката, најлесна е споредбата со претходниот систем. Матрицата е иста, вели тој, различни се само актерите. Една партија, еден лидер, една вистина. Секоја наредна партија на власт во денешниот амбиент на сè уште зародиш на демократијата само го усовршува погрешниот концепт.

„Кај нас нема, дефинитивно ни е јасно, политичка култура. Немаме, немаме култура на комуникација, ние меѓу себе не се почитуваме, ние се мразиме едноставно, политичките партии меѓу себе разговараат со оружја, со дискредитација, со понижување“, вели Петковски.

Една демократија, вели тој, се мери по елементарното чувство за туѓото мислење, а не по непомирливата борба за сопствената вистина. А, каде може денеска да се види тоа во Македонија? Луѓето се подготвени на сè за да спречат поинакво мислење. И како тогаш граѓаните можат да развијат критичка мисла, да изберат тоа што е најблиско до нив, како да се определат и изградат визија за сопствената иднина, се прашува Петковски.

Дијалогот е неопходен за да се обезбеди учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, велат аналитичарите, но и за да се обезбеди неопходната транспарентност во владеењето и во водењето на државата.

Дијалог е можен само меѓу рамноправни партнери, вели политичарот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, кој е дел од владината коалиција. Во моментов опозицијата не е рамноправен партнер за дијалог со власта.

„Политичкиот дијалог може да се одвива во основа помеѓу рамноправни партнери. Тоа е така и вклучително дијалогот што е внатре во коалициите, и помеѓу блоковите. Тогаш кога опозицијата е силна, јака, партиите од власта мора тоа да го респектираат, и да прифаќаат одредени идеи“, е на мислење Трајанов.

Сепак, потенцира дека исполитизираноста на сè во општеството го пригушува вистинскиот дијалог, зашто ниту партиите, ниту невладините организации, кои се најчесто под нивно силно влијание или влијание на одредени бизнис елити, не покренуваат дијалог ако тоа не е во нивен интерес.

„Сè е исполитизирано. Ако на политичките партии што се силни им одговара да се реагира, тие ќе ги поттикнуваат невладините организации кои што се под нивна контрола да реагираат. Ако не им одговара, ако имаат некакви бизнис релации, интереси, тие тоа прашање не го поставуваат. Значи, имаме ние тука извртени вредности“, вели тој.

Освен овој проблем, за Трајанов клучно значење за дијалогот има мултиетничката структура на земјава која се рефлектира и во власта, каде што се појавува дијалог исполнет со уцени и услови, што, пак, го отвора домино ефектот на недоразбирањата на сите нивоа.

Професор Илија Ацески се согласува на прашањето на интересите како клучно за замирањето на секој тип на разговор и размена на мислења во македонското општество, но интересите во поширока, во материјална смисла, околу кои вели се врти функционирањето на политиката. Зад наводните интереси на групата денеска на големо владее борба за лични интереси кои се конкретни и строго дефинирани. Бидејќи точно се знае добивката и целта кон тоа, критиката наидува на силен отпор, бидејќи може да ги разниша плановите, вели Ацески.

„Еве, елементарно да земеме, еден урбанистички план. И сега, ај ќе водиме еден дијалог, расправа за тоа какво е значењето на еден објект, дали тоа треба или не треба да се прави. Вие немате таков дијалог. Оној којшто има таква моќ тоа да го носи, тоа почнува да се прави, да се објективизира, да се реализира, другото понатаму, секоја критика излегува дека е непотребна“, вели Ацески.

И уште многу алки недостасуваат во ланецот, констатира Петковски, и медиумите и интелектуалците и образовниот систем кој треба да изгради нов систем на вредности. Но, ниту медиумите, ниту интелектуалците, ниту образовниот систем во моментов се насочени кон таа цел. Медиумите се под целосна контрола, интелектуалците молчат, а образовните нивоа се стекнуваат со купени дипломи.

„Стратегијата за дејствување на медиумите, кои што го креираат јавното мислење, се крои некаде на друго место. Значи, ние немаме слобода на медиумите, тоа е основна претпоставка за демократизација на едно општество. Одговорот на вашето прашање почнува од системот на образование. Кој систем на вредности се сака да се гради“, додава Петковски.

Вредносниот систем мора да се менува за да потече дијалогот. Да се излезе од логиката на бројките, да ѝ се даде содржина на демократијата. Да се излезе од логиката на личниот интерес, да се дефинира општиот, заедничкиот интерес на државата и на заедницата.

„Политичарите да не се мерат со рејтинг. Во другата сфера, во невладината, треба луѓето да излезат од амбиентот на проектна активност и да излезат во амбиентот на реална граѓанска активност каде што би требало да се соочуваат со реалните предизвици на граѓаните, а не само со хартијата или мониторот. Една институција како ИВЗ или МПЦ, ние велиме дека се вековни институции, кои не би требало да зависат од моменталниот политички и актуелен моментум во кој тие би можеле да добијат или да губат политички моменти.“

Елитите да се дефокусираат од моќта кон изградба на авторитетот на институциите. Граѓаните мора да се идентификуваат со институциите, но би морале и да излезат од стравот да ја критикуваат власта, свесни за сопствените интереси. И тоа е неминовен дел од демократијата. И тоа е дел од политичката култура, посочува Муслиу.

„И кај граѓаните да се подигне демократската култура, а верувам ако тоа се случи, дека политичките партии, секако ќе реагираат на казните или наградите на граѓаните.“

Сево ова звучи како утопија, а е неопходно за изградба на еден елементарно демократски амбиент којшто обезбедува опстанок на европската идеја во Македонија.

„Некои авторитарни системи кои постојат вон Европа, го користат гласачкиот принцип, тоа се авторитарни системи, не системи кон кои тежнееме ние. Ние тежнееме кон ЕУ каде што дијалогот, компромисот се суштински дел на општеството и на начинот на правење политика.“

Јавно мислење, јавност, судир на концепти и идеи, ставови и дебати е нешто што неминовно мора да се воспостави како дел од демократскиот развој кој е невозможен без нив заради транспарентноста во водењето на државата и заради остварување на граѓанските права и интереси, заради кои постојат институциите. Евроинтеграциите неминовно ќе ги отворат и овие полиња во земјава. Можеби тоа е и еден од стравовите на нашите политички елити, заклучуваат експертите.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG