Достапни линкови

logo-print

Кери: Сирискиот режим го подготвил хемискиот напад


Џон Кери

Џон Кери

Американската администрација денеска соопшти дека е длабоко уверена дека сирискиот режим го извршил нападот со хемиско оруже во предградие на Дамаск во кој загинале 1429 луѓе од ни 426 деца. Државниот секретар Џон Кери изјави дека САД врз основа на разузнавачки податоци дознале дека режимот со денови внимателно го подготвувал тој напад. Кери додаде дека на луѓето блиски на режимот им било речено да земат гас маски. Тој додаде дека Вашингтон знаел и од каде бил извршен нападот.
XS
SM
MD
LG