Достапни линкови

Во Авганистан продолжува насилството врз жените


Независната авганистанска Комисија за човекови права денеска соопшти дека регистрирала над 3 илјади случаи на насилство врз жените од март годинава досега. Комисијата прецизира дека ова е бројка само на регистирани случаи. Главно станува збор за силувања и убиства за, како што се наведува, зачувување на честа на жените. Комисијата бара од авганистанскиот парламент да го одобри законот за забрана на насилствата против жените што пред четири години го предложи претседателот Хамид Карзаи.
XS
SM
MD
LG