Достапни линкови

Скоро 12.000 луѓе се уште се исчезнати во поранешна Југославија


Според податоците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст уште 11.859 луѓе се водат за исчезнати од време на војните во поранешна Југославија. Податоците беа презентирани на конференција во Белград по повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица. Според Меѓународната комисија за исчезнати лица, од вкупно 30.000 изчезнати за време на војната во Босна и Херцеговина откриени и идентификувани се посмртните останки на околу 22.000 луѓе или 70 проценти. Според ЕУЛЕКС, во Косово како исчезнати се водат 1.726 луѓе. По повод Меѓународниот ден Фондот за хуманитарно право апелираше до државите од поранешна Југославија да ги зголемат напорите за откривање на сите исчезнати за време на војните.
XS
SM
MD
LG