Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ: Заев со истата тактика на Црвенковски


ВМРО ДПМНЕ смета дека претседателот на СДСМ Зоран Заев ја користел истата тактика на Бранко Црвенковски за барање алиби и изговори, зошто не треба да има избори. Според оваа партија Заев воопшто не се разликувал во изборот на зборови од него ако се споределе нивните прес конференции. Претходно Зоран Заев денеска ја повика власта заедно со опозицијата и со институциите на системот, директно да се вклучи во прочистување на Избирачкиот список и вградување на сите препораки од ОБСЕ во изборното законодавство. По завршување на тие активности, според Заев, веднаш може да се прецизира терминот за одржување парламентарни избори. Тој додаде дека власта уште во март избегала од предвремени парламентарни избори, а СДСМ никогаш не бегала од нив.
XS
SM
MD
LG