Достапни линкови

logo-print

Заев: прочистен Избирачки список, па термин за избори


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска ја повика власта заедно со опозицијата и со институциите на системот, директно да се вклучат во прочистување на Избирачкиот список до крај и вградување на сите препораки од ОБСЕ и ОДИХР во изборното законодавство. По завршување на тие активности, според Заев, веднаш може да се прецизира терминот за одржување парламентарни избори. Тој додаде дека власта уште во март избегала од предвремени парламентарни избори, а СДСМ никогаш не бегала од избори.
Според Заев, за СДСМ, за граѓаните на Македонија и за меѓународната заедница, Уставот бил прекршен на 24 декември, а тоа било потврдено со потписите токму на двете политички партии и на претседателот на комисијата Борче Давитковски.
XS
SM
MD
LG